ВЕЛЕШKИТЕ КОМУНАЛЦИ ЛАНИ СОБРАЛЕ СТОТИЦИ КУБИЦИ ПРОЗОРИ, КАУЧИ, ЈОРГАНИ И ЈАМБOЛИИ

    ВЕЛЕШKИТЕ КОМУНАЛЦИ ЛАНИ СОБРАЛЕ СТОТИЦИ КУБИЦИ ПРОЗОРИ, КАУЧИ, ЈОРГАНИ И ЈАМБOЛИИПодигањето на јавната свест кај граѓаните дава резултати, велат од локалната власт на Велес (Фото: СДК.МК)

    Дваесет и шест видови домашен габаритен отпад фрлиле велешани во текот на минатата година. Најмногу од нив, 36, биле прозори, потоа 27 каучи, 15 столови, па следуваат душеци, санитарии и теписони. На листата се најдоа и три јоргани и две јамболии. Притоа, во текот на целата година била собрана количина од 350 кубни метри габаритен отпад. Ова е далеку повеќе отколку во претходните две години, кога биле собрани по стотина кубни метри годишно.

    „По собирањето изведено од вработени во ЈКП ‘Дервен‘, габаритниот отпад се транспортираше до општинската комунална депонија, за крајно отстранување на посебен простор. Очигледно дека подигањето на јавната свест кај граѓаните дава резултати, но има случаи кога дел од овој габаритен отпад завршува и на јавните површини“, информираа од локалната власт.

    На годинашнава деветта собирна акција на габаритен отпад од домовите на велешани, изведена во април, биле собрани 80 кубни метри и истата, поради состојбата со коронавирусот, е продолжена до крајот на годината.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира