ВЕВЧАНСКИТЕ МАСКИРАНИ ВАСИЛИЧАРИ ДЕЛЕА „КОВИД СЕРТИФИКАТИ“ НА КАРНЕВАЛОТ

    ВЕВЧАНСКИТЕ МАСКИРАНИ ВАСИЛИЧАРИ ДЕЛЕА „КОВИД СЕРТИФИКАТИ“ НА КАРНЕВАЛОТКарневалот завршува утре со последното василичарско оро и ритуалното палење на маските. (Фото: Ѓ. Личовски)

    „Вевчански ковид сертификат“, „Летаме за ЕУ“, но и традиционалните „Зетот и невестата“, „Глупавиот август“ и „Музичарите“ се само дел од маските кои денес продефилираа низ Вевчани, со што жителите го одбележаа традиционалниот Вевчански карневал стар со векови. Не беше одминат ни случајот „Енергетска криза“, а се вееше и Европското знаме.

    (Фото: Ѓ. Личовски)

    Вевчанци на свој начин ги исмеаја и политичарите. Во карневалската поворка се најдоа „Ангели нацисти“ и „Кастриот Реџепи“.

    Градоначалникот Спасе Кочовски кажа дека убавината на карневалот е токму во хуморот и сатирата.

    (Фото: Ѓ. Личовски)

    „Василичарите ја прикажуваат годината онаква каква што била со сите позитивности и негативности во неа. Не треба да бидеме суетни. Тоа се маски кои не сакаат никого да навредат или повредат, не будат никакви национални или верски чувства“, вели Кочовски.

    (Фото: Ѓ. Личовски)

    Вевчанци со карневалот ја слават Стара Нова година, со маските и ритуалите се обидуваат да го избркаат злото. Прославата продолжува вечерва со концерт на Перо Бели, Елена Јовчевска, Сања Ристеска и Дамјан Стојаноски, а точно на полноќ традиционално со огномет вевчанци ќе ја дочекаат православна Нова година. Карневалот завршува утре со последното василичарско оро и ритуалното палење на маските.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира