Бесплатниот школски превоз на учениците од Битола е доведен во прашање. Тендерот за избор на превозници истекува до крајот на октомври, а не е распишан нов. Не се знае ни кое училиште ќе го распише, откако општината по истрагата за случајот „Транспортер“ годинава нема да биде носител на тендерот.
Откако Техничкото училиште одби да биде носител на тендерот, се шират информаци дека набавката ќе ја преземе училиште со блокирана сметка. Името на школото не се соопштува во јавноста. На оваа тема денес се дискутира и на седницата на општинскиот совет.
„Во кулоарите на наставниците протекува информација дека училиште со блокирана сметка ќе ја преземи набавката. Тоа не е законски, но се е можно. И да се распиши тендерот во понеделник, кој гарантира дека нема да има жалба. Учениците ќе навлезат во вакум простор со превозор“, рече Наташа Петровска советник од СДСМ.
Од советничкото мнозинство одговорија дека општината може законски да ја префрли обврската за распишување тендер врз некое од училиштата.
„За сите училишта како носител на тендерот може да се јави само едно школо зашто така е поекономично и можат да се постигнат пониски цени“, рече Соња Карапашовска советник од ВМРО ДПМНЕ.
Дел од училиштата избегнуваат врз себе да ја преземат оваа одговорност по случајот Транспортер во кого градоначалникот и дел од директори на училишта беа особничени за организирање на поскап школски превоз.
ВИСИ БЕСПЛАТНИОТ ШКОЛСКИ ПРЕВОЗ НА БИТОЛСКИТЕ УЧЕНИЦИ
a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)
Содржината на текстовите во категоријата Дописна мрежа е единствена одговорност на www.sdk.mk и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.