ВЛАДАТА ГИ ПРЕЗЕМА ОД ОПШТИНИТЕ ПЛАЖИТЕ ВО ОХРИД И СТРУГА

    ВЛАДАТА ГИ ПРЕЗЕМА ОД ОПШТИНИТЕ ПЛАЖИТЕ ВО ОХРИД И СТРУГАМинистерот за транспорт и врски Горан Сугарески и в.д. градоначалникот на Охрид Константин Георгиески на увид на реконструкција на „Туристичка“ денеска во Охрид. (Фото: СДК.МК)

    Наскоро државата ќе биде надлежна за плажите во Охрид и во Струга, најави денес во Охрид министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и додаде дека за една недела во Собрание влегува законот за градежно земјиште Оваа најава на министерот доаѓа по скандалозното бетонирање на струшкото крајбрежје и палењето на трските на овој дел од Охридското езеро.

    „Поради сите проблеми кои очигледно локалните власти не можат да ги решат, државата смета дека на подобар начин тоа може да го направи. Пратенички прашања беа поставени во четвртокот, во делот во надлежност на животната средина и дел во рамки на министерство за транспорт и врски. Државниот градежен инспектор во неколку наврати има извршено контрола во делот на министерството за транспорт и врски, каде се извршени вонредни надзори и се донесени одредени решенија. Трската и депониите се во надлежност на министерството за животна средина. Дел од мерките кои ги презема Владата е предлагање закон за одземање на надлежности во делот на крајбрежјето и плажите. Со тоа централната власт ќе управува со плажите“, рече Сугарески.

    Д. ЧУБРИЌ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира