ВМРО-ДПМНЕ И ДУИ НЕ ГО ПОТПИШУВААТ ДОКУМЕНТОТ ЗА ПОЧИСТА СРЕДИНА ВО ТЕТОВО

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Тетово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВМРО-ДПМНЕ И ДУИ НЕ ГО ПОТПИШУВААТ ДОКУМЕНТОТ ЗА ПОЧИСТА СРЕДИНА ВО ТЕТОВО

    Неколку политички партии кои ќе учествуваат на изборите на 11 декември, во канцеларијата на Здружението „Екогерила“, потпишаа документ со кој се бара од нив да се придржуваат кон барањата на граѓаните на Тетово, а кои се врзани за животната средина на градот, но и на целата изборна единица шест каде тие настапуваат.

    „За потпишувањето на овој Документ не добивме никаков одговор само од ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ. Од СДСМ иако не се присутни на денешнава средба најавија дека Документот дополнително ќе го потпишат“ изјави Аријанид Џафери од Здружението „Екогерила“ кои беа иницијатори за потпишување на овој Документ.

    Во документот што тие го потпишаа се наведени три барања. Како прво се бара, ако како претставници на нивните политички партии влезат во составот на идниот Парламент и Влада, да  се вклучат во решавањето на проблемот на дивата депонија во Тетово, проблем кој со години стои нерешен и е болна точка не само за градот туку и за пошироката околина.

    Второ барање се однесува за отпочнување постапка за трансформација на тетовската касарна во градски парк. Со оглед на тоа дека според НАТО стандардите касарната наскоро би требала да се затвори, овој простор е идеален за негова трансформација во паркова површина, нешто што на Тетово многу му недостасува.

    Како трето барање наведено во Документот е барањето идниот состав на Собранието и Владата да не дозволи „Југохром“ повторно да се активира се додека не се постават филтри на фабриката. Дотогаш се бара идната Влада на работниците на „Југохром“ да им изнајде соодветно решение и да им се даде финансиска помош со цел тие работници не останат на улица.

    Овој Документ го потпишаа преставници од партиите: Движење за реформа на ДПА, Алијанса за Албанците, Движењето Беса, Демократската партија на Албанците и Партијата за демократски просперитет.

    Според официјалните податоци од мерната станица поставена од Министерството за Екологија, во моментот на потпишувањето на Документот загаденоста на воздухот во Тетово со ПМ10 частичките изнесуваше 120 милиграми на метар кубен што е два и пол пати над дозволеното а додека ноќеска загаденоста на воздухот достигна ниво од 300 милиграми на метар кубен што пак е за шест пати на дозволениот максимум од 50 милиграми на метар кубен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира