ВО БИТОЛА ДВАЈЦА СРЕДНОШКОЛЦИ ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19, РОДИТЕЛИ АПЕЛИРААТ МЛАДИТЕ ДА НОСАТ МАСКИ

    ВО БИТОЛА ДВАЈЦА СРЕДНОШКОЛЦИ ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19, РОДИТЕЛИ АПЕЛИРААТ МЛАДИТЕ ДА НОСАТ МАСКИРодители од Битола апелираат тинејџерите да носат маски и да се откажат од поздравување со прегрнување и 6акнување како пред вирусот; - Центарот за јавно здравје. (Фото: СДК.МК)

    Меѓу битолчаните заразени од ковод-19 се и двајца средношколци од исто семејство, соопштија од Министерството за здравство. Едниот од нив нема пријавено ниту еден контакт, а другото лице пријави четири, и тоа студенти, и сите се ставени под здравствен надзор.

    Независно од случајот, родители од Битола апелираат тинејџерите да носат маски и да се откажат од поздравување со прегрнување и 6акнување како пред вирусот. Тие апелираат и до други родители да разговараат дома со децата за да носат маски, зашто во друштва ретко кој се придржува до тоа. Младите велатдека оние нивни врсници кои носат маски често се исмејувани во друштво или убедувани дека болеста не постои.

    Вкупниот кај 20 битолчани болеста е во, а од почетокот на пандемијата до денес се разболеле 54, двајца починаа.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира