ВО ДИНО ПАРКОТ ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКА ЌЕ ИМА 50 ДИНОСАУРУСИ

    ВО ДИНО ПАРКОТ ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКА ЌЕ ИМА 50 ДИНОСАУРУСИЌе имаме различни видови диносауруси, кои ќе се движат и ќе испуштаат звуци. Ќе бидат поставени и информативни табли, така што покрај за забава, Дино паркот ќе има и едукативен карактер“, велат од Зоолошката градина. - Паркот со диносауруси во Белград (Фото: СДК.МК)

    Педесет диносауруси во природна големина ќе бидат дел од Дино паркот во рамките на Зоолошката градина во Скопје.

    Паркот ќе се наоѓа кај стариот влез на Зоолошката градина и ќе зафаќа површина од околу 3.000 квадратни метри. Со градежни работи за уредување на просторот ќе се започне од февруари, а кон почетокот на мај паркот треба да биде отворен. Диносаурусите ќе бидат набавени од Кина.

    „Ќе имаме различни видови диносауруси, кои ќе се движат и ќе испуштаат звуци. Ќе бидат поставени и информативни табли, така што покрај за забава, Дино паркот ќе има и едукативен карактер“, велат од Зоолошката градина.

    За паркот на диносауруси ќе се наплатува посебна карта и ќе има посебен влез односно ќе се влегува од стариот влез на Зоолошката. Од градината велат цената за Дино паркот ќе биде симболична.

    За уредување на Дино паркот од буџетот на Град Скопје, Зоолошката градина добие еден милиони денари.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира