ВО ГОЛЕМ ПОЖАР НА ОТПАД КАЈ ТЕТОВСКО НЕПРОШТЕНО ИЗГОРЕА 30 АВТОМОБИЛИ

    ВО ГОЛЕМ ПОЖАР НА ОТПАД КАЈ ТЕТОВСКО НЕПРОШТЕНО ИЗГОРЕА 30 АВТОМОБИЛИПоради големиот интензитет на огнот пожарот бил изгаснат дури по два часа борба со огнената стихија. (Фото: Зандон)

    Вчера во попладневните часови на автоотпад кај тетовското село Непроштено избил голем пожар. Гореле автомобили, гуми, разновиден отпад а имало и неколку експлозии Од резерварите со бензин кај некои автомобили. Тетовските пожарникари веднаш интервенирале а пожарот го гаснеле со 6 пожарникари и 4 цистерни со вода. Поради големиот интензитет на огнот пожарот бил изгаснат дури по два часа борба со огнената стихија.

    „Околу 16 часот и 30 минути бевме на местото на пожарот. Моравме да интервенираме со неколку против пожарни возила бидејќи од огнот беа зафатени повеќе хаварисани возила кои беа на отпадот. Според моја проценка гореа 30-тина возила од стотина колку ги имаше таму. Гаснењето на пожарот беше исклучително тешко и опасно поради честите експлозии на резервоарите од возилата. Пламените јазици на моменти достигнуваа и до 20 метри височина. Со голем напор на сите пожарникари огнот успеавме да го изгаснеме дури по два часа и не дозволивме да се прошири и да ги зафати и другите возила кои беа на отпадот“ изјави Ука Алити командирот на тетовските пожарникари.

    Во пожарот нема човечки жртви, ниту повредени пожарникари.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира