ВО КОСОВО Е УПАСЕН АФРИМ ИСМАИЛОВИЌ, ЕДЕН ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА УБИСТВАТА КАЈ СМИЛКОВСКО ЕЗЕРО, ПОТВРДИ ЗАЕВ

    ВО КОСОВО Е УПАСЕН АФРИМ ИСМАИЛОВИЌ, ЕДЕН ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА УБИСТВАТА КАЈ СМИЛКОВСКО ЕЗЕРО, ПОТВРДИ ЗАЕВЗаев кажа дека веќе е побарана екстрадиција на осудениот; - Од вчерашните протеси за „Монструм“ во Скопје. (Фото: К. Попов)

    Веста дека на Косово е уапсен Африм Исмаиловиќ, еден од осудените на доживотен затвор во процесот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското Езеро, ја потврди и премиерот Зоран Заев. Тој кажа дека веќе е побарана екстрадиција на осудениот.

    „Синоќа доцна навечер, министерот за внатрешни работи ме информираше дека еден од осудените во случајот ‘Монструм’ е уапсен на Косово. Веднаш побаравме екстрадиција, започната е постапка од поодамна за овој случај. Искрено очекувам дека косовските власти, иако се нови, ќе ги потврдат нашите меѓусебни договори и ќе го почитуваат правото и ќе го испорачаат обвинетиот“, кажа премиерот Заев, одговарајќи на новинарско прашање при престојот во Велес.

    Африм Исмаиловиќ е упасен на 1 април, во една од приштинските населби, откако бил идентификуван од полицијата поради учество во сообраќајна несреќа. Покрај Исмаиловиќ, во бегство во Косово е и Алил Демири, а косовските власти со години не ги екстрадираат и покрај барањата на македонските власти.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира