ВО НАСЕЛБАТА ПРОЛЕТ ОПШТИНА ЦЕНТАР ПОЧНУВА СО ГРАДБА НА ГРАДИНКА, СТАРИОТ ДУП ПРЕДВИДУВАШЕ ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ

    ВО НАСЕЛБАТА ПРОЛЕТ ОПШТИНА ЦЕНТАР ПОЧНУВА СО ГРАДБА НА ГРАДИНКА, СТАРИОТ ДУП ПРЕДВИДУВАШЕ ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТКапацитетот на градинката предвидува згрижување на 150 деца.(Фото: К.Попов)

    Општина Центар во јули ќе стартува со изградба на градинка во населба Пролет.  На местото каде што со претходниот план се предвидуваше изградба на деловен објект, со измените сега е нацртана маркичка за градинка. Како што кажа градоначалникот Саша Богдановиќ во оваа населба досега немало градинка и со овој проект ќе се реши проблемот на жителите.

    Според проектот градинката ќе има подрумски простор, приземје и 1 кат, со вкупна нето површина од 2.760 метри квадратни и најголема бруто површина за детска градинка во државата, од 3.276 метри квадратни, односно по 21 метар квадратен по дете.

    „Капацитетот на градинката предвидува згрижување на 150 деца, распоредени во 9 занимални. Предвидена е урбана градина со сандаци со песок и земја, детски реквизити. Надворешното игралиште е инклузивно и до него можат да пристапат и деца со попреченост во движење. На надворешниот дел од фасадата предвидено е фасадно поставување на детска болдер карпа“, изјави на денешната презентација на проектот градоначалникот Саша Богдановиќ.

    Изградбата на градинката ќе чини околу 2 милиони евра обезбедени од буџетот од Општина Центар.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира