ВО СТЕЧАЈ Е ФИРМАТА ШТО ТРЕБАШЕ ДА ГО ГРАДИ ПОКРИЕНИОТ БАЗЕН ВО БИТОЛА, ГРАДБАТА ЗАПРЕНА, МАТЕРИЈАЛИТЕ РАСФРЛЕНИ ВО ШКОЛСКИ ДВОР

    ВО СТЕЧАЈ Е ФИРМАТА ШТО ТРЕБАШЕ ДА ГО ГРАДИ ПОКРИЕНИОТ БАЗЕН ВО БИТОЛА, ГРАДБАТА ЗАПРЕНА, МАТЕРИЈАЛИТЕ РАСФРЛЕНИ ВО ШКОЛСКИ ДВОРДиректорка на училиштето вели дека дел од градежните материјали се расфрлани низ училишниот двор, а местото не е обезбедено и е опасно за учениците. (Фото: СДК.МК)

    Градбата на покриениот базен во Битола подолг период е во застој иако, според најавите, досега требаше да биде изграден. Базенот се гради во училишниот двор на ссновното училиште „Даме Груев“ во Битола, како инвестиција на Агенцијата за млади и спорт во соработка со претходната локална самоуправа.

    Сегашната директорка на училиштето Биљана Дамечевска-Бакиевска на Комисијата за јавни дејности во Општина Битола ѝ изјави дека дел од градежните материјали се расфрлани низ училишниот двор, а местото не е обезбедено и претставува опасност за учениците.

    „Друга фирма добила тендер и престанати се сите активности околу базенот и нема када да се обратиме зашто има дел од градбата која е незаштитена, оградите се искорнати, најверојатно и од временските услови. Целосно е небезбедно за учениците. Има и стекалена волна, за што се бунеа и родителите. Расфрлени се ламарини и други градежни материјали низ целиот двор“, рече Дамчевска-Бакиевска.

    Градбата започна во февруари 2020, и тогаш директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски изјави дека се идвоени 45 милиони денари за покриениот базен со должина од 25 метри и широчина од 9 метри. Тогаш беше најавено дека ќе биде готов за 18 месеци.

    Советникот од СДСМ Методија Иливески, кој присуствуваше на Комисијата за јавни дејности, рече дека фирмата што го градеше базенот отишла во стечај, па во тек е избор на друг изведувач.

    „Фирмата која првично го доби тендерот за изведување е под стечај, кај нив има сериозни финансиски проблеми. Агенцијата за млади и спорт објави тендер и на него се јавија неколку фирми и сега е во фаза на избор на изведувач. Од контактите што ги имав со Агенцијата беше кажано дека во најбрз можен период ќе биде избран изведувачот и таму ќе започнат активностите“, рече Илиевски.

    Тој му предложи на училиштето да побара од јавните претпријатија во Битола да преземат активности за да го обезбедат местото за  поголема безбедност на учениците.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира