ВО СТРУМИЧКА ФИРМА ЗАПЛЕНЕТА НЕПРИЈАВЕНА МАРИХУАНА ВРЕДНА 3 МИЛИОНИ ЕВРА

    ВО СТРУМИЧКА ФИРМА ЗАПЛЕНЕТА НЕПРИЈАВЕНА МАРИХУАНА ВРЕДНА 3 МИЛИОНИ ЕВРАСтрумичката фирма одгледувала канабис за медицински цели. (Фото: СДК.МК)

    При контрола на струмичка фирма која одгледувала канабис за медицински цели, МВР заплени повеќе од тон и пол марихуана во вредност од 3 милиони евра која била спакувана во кутии и вреќи. Како што соопшти министерот Оливер Спасовски, станува збор за контрола спроведена со Бирото за јавна безбедност (БЈБ) но и со членови на комисија која утврдува дали фирмите ги исполнуваат условите да одгледуваат канабис.

    „Поради констатирани неправилности во работењето на правното лице, запленета е непријавена марихуана во вредност од 3 милиони евра со вкупна тежина од над еден и пол тон, што е спротивно на челн од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци“, кажа министерот Оливер Спасовски без да открие за која фирма станува збор, бидејќи последниве години во Струмица и регионот се отворија повеќе компании за одгледување канабис за медицински цели.

    Од струмичкото Основно јавно обвинителство соопштија дека нивен обвинител бил известен за акцијата на МВР и комисијата која врши контрола на исполнетост на условите кај фирмите, но досега до нив нема стасано кривични пријави кои биле најавени.

    „Дополнително ќе ве информираме за случајот откако ќе ги добиеме потребните документи и пријави од спроведената контрола“, соопштија од Струмичкото јавно обвинителство кое ќе испитува и поврзаност со откриената марихуана кај Ресен.

    Имено, МВР во друг случај вчера на патот Ресен-Охрид фати двајца струмичани кои со моторно возило пренесувале 50 килограми марихуана спакувана во три торби вредна 200 илјади евра. Против нив се поднесени кривични пријави до Битолското јавно обвинителство.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира