ВО УЧИЛИШТАТА ВО ТЕТОВО ФАЛАТ ТРИЕСЕТИНА ДЕФЕКТОЛОЗИ, ПСИХОЛОЗИ И СОЦИОЛОЗИ, РЕЧЕ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КАСАМИ НА СВЕТСКИОТ ДЕН ЗА ПОДИГАЊЕ НА СВЕСНОСТА ЗА АУТИЗМОТ

    ВО УЧИЛИШТАТА ВО ТЕТОВО ФАЛАТ ТРИЕСЕТИНА ДЕФЕКТОЛОЗИ, ПСИХОЛОЗИ И СОЦИОЛОЗИ, РЕЧЕ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КАСАМИ НА СВЕТСКИОТ ДЕН ЗА ПОДИГАЊЕ НА СВЕСНОСТА ЗА АУТИЗМОТНа градскиот плоштад во Тетово учениците боеја и ја испратија пораката „Светот не би имал живот без боите“ (Фото:З.Адонов)

    Учениците од основните училишта во Тетово денеска го одбележаа 2 Април, светскиот ден за подигање на свесноста за аутизмот. На градскиот плоштад учениците заедно со нивните училишни другари со аутизам, цртаа, боеја и ја испратија пораката „Светот не би имал живот без боите“, сакајќи на тој начин да ја подигнат свеста кај населението за лицата со аутизам.

    Од оваа учебна година сите лица со попреченост кои до неодамна одеа во специјалните паралелки, сега се вклучени во инклузивната настава заедно со учениците со типичен развој. За жал, оваа трансформација на специјалните паралелки не одеше во чекор со обезбедувањето на стручен кадар кој ќе работи со учениците со посебни образовни потреби. Според градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами во тетовските основни училишта недостасуваат најмалку триесетина дефектолози, психолози и социолози.

    „Во сите основни и средни училишта во Општина Тетово недостасуваат над триесетина дефектолози, психолози и социолози. Има училишта каде што воопшто нема психолог, нема дефектолог, или таму каде треба да има по двајца, има само по едно стручно лице. Речиси во сите училишта недостасуваат по едно, две, а некаде и три вакви стручни лица. Токму затоа Министерството за образование треба сериозно да ја сфати нашата порака и нашето барање за ангажирање професионален кадар во основните и средните училишта и тоа да не го гледа како обично вработување. Професионалниот кадар во училиштата е многу важен за правилен развој на нашите деца. Ние како Општина, иако сме со лимитирани буџетски средства, сме подготвени да учествуваме во кофинансирање на овие вработувања. Иако до сега во два-три наврати сме упатувале вакви барања од Министерството за образование немаме добиено никаков одговор“, изјави градоначалникот на Тетово Билал Касами кој присуствуваше на одбележувањето на Денот на аутизмот во Тетово.

    З.АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира