ВО ВАШЕ ВРЕМЕ ДЕПИЛАТОРКА ДАВАЛА КОНСУЛТАНТСКИ УСЛУГИ, Ѝ ОДГОВОРИ ШИЛЕГОВ НА СОВЕТНИЧКАТА ПОПОВА КОЈА ПРАША ЗА ТЕНДЕРИТЕ НА ЈСП„СКОПЈЕ“ ОД 200.000 ЕВРА

    ВО ВАШЕ ВРЕМЕ ДЕПИЛАТОРКА ДАВАЛА КОНСУЛТАНТСКИ УСЛУГИ, Ѝ ОДГОВОРИ ШИЛЕГОВ НА СОВЕТНИЧКАТА ПОПОВА КОЈА ПРАША ЗА ТЕНДЕРИТЕ НА ЈСП„СКОПЈЕ“ ОД 200.000 ЕВРАСоветничката Ирена Попова побара одговор како фирмата формирана пред еден месец дознала за тендерот за дополнителна набавка на електронски картички и како фирма која е формирана седум дена пред објавата на теднерот за консултански услуги го добила тој тендер, на што Шилегов ѝ одговори дека двете постапки се според закон. (Фото: Град Скопје)

    Депилаторка пишувала консултантски услуги со претходниот тендер на ЈСП„Скопје“, ѝ одговори градоначалникот Петре Шилегов на советничката од ВМРО-ДПМНЕ Ирена Попова, која го праша како може фирми регистрирани на иста домашна адреса во рок од еден месец да добијат два тендери од претпријатието во висина од 200.000 евра.

    Советничката Попова на денешната седница на која на дневен ред се поставување советнички прашања, побара одговор како фирмата формирана пред еден месец дознала за тендерот за дополнителна набавка на електронски картички и како фирма која е формирана седум дена пред објавата на теднерот за консултански услуги го добила тој тендер.

    „Сакавте да скриете дека дадовте тендер од 200.000 евра на фирма која е формирана само пред еден месец. Какви се нивните квалификации, нивното искуство. Како ќе ги изработат картичките за една недела, кога претходната фирма ‘Телеком‘ тоа го правела за еден месец. Како директорот знае за постоење на таа фирма“, рече советничката Попова.

    Градоначалникот Шилегов ѝ рече на Попова дека целата постапка е во согласнот со законот, односно фирмите ги исполнувале условите за да учествуваат во постапките и притоа на тендерот за електронски картички била одбрана најевтината понуда како што предвидува Законот за јавни набавки.

    „Што се однесува на тендерот за консултантски услуги се пријави само една фирма. Со законските измени вашата партија дозволи на тендер да учествува една фирма, нешто со што јас лично не се согласувам, сметам дека треба да има натпревар. Претходниот тендер за консултантски услуги го добил козметички салон, депилаторка пишувала консултантски услуги. Ве охрабрувам ако сметате дека има криминални дејствија да пријавите, јас ќе дојдам со вас во Јавното обвинителство“, ѝ одговори Шилегов на Попова.

    Попова му одговори дека не рекла дека со овие тендери се краделе пари, туку дека постоело сомнеж, и дека тој за да има чиста совест треба да ги повика надлежните иституции да го проверат случајот.

    Потоа советникот Михајло Маневски кој рече дека побарале одговор од директор на ЈСП„Скопје“ Кристијан Чушков а не од градоначалникот, на што Шилегов му рече дека директорот е на службен пат, на седницата има претставник од претпријатието и дополнително ќе добијат и писмен одговор.

    „Не се возбудувајте толку господине Маневски, човек во години сте“, му рече Шилегов.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира