ВО ВЕЛЕС ПОСТАВЕНИ ПРВИТЕ ПОДЗЕМНИ КОНТЕЈНЕРИ ЗА СОБИРАЊЕ ОТПАД

    ВО ВЕЛЕС ПОСТАВЕНИ ПРВИТЕ ПОДЗЕМНИ КОНТЕЈНЕРИ ЗА СОБИРАЊЕ ОТПАДКонтејнерите се исклучиво наменети за комунален отпад (Фото: СДК.МК)

    Велес ги доби првите подземни контејнери. Седумте контејнери се поставени на различни локации: во центарот на улицата Илинденска, на улицата 8 Септември меѓу Централен регистар и Основен суд Велес, спроти театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ и на улицата Методија Андонов-Ченто близу општинската зграда.

    „Контејнерите се исклучиво наменети за комунален отпад и во нив не треба да завршуваат картонска и ПЕТ амбалажа, градежен шут и жар и пепел од домашни ложишта. За отпадот што може да се селектира општината на јавните површини има поставено соодветни садови“, велат од локалната власт.

    Подземната вреќа за собирање отпад е изработена од водонепропусен полиестер со волумен од три кубни метри. Контејнерите ќе се празнат во утринските часови секој ден од страна на ЈКП „Дервен“. Комуналното претпријатие набави и нова хидраулична дигалка поради специфичниот начин на празнење на контејнерите. Со овој начин на собирање отпад, бездомните животни нема да можат да го растураат наоколу.

    „Контејнерот се користи така што се притиска ножната педала која го крева капакот без да се има контакт со неговите делови. Апелираме до граѓаните да не паркираат возила пред локациите каде што се поставени контејнерите, за да можат да се празнат“, додаваат општинските служби.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира