ВОДАТА Е СО НАМАЛЕН ПРИСТИСОК ВО ПОВИСОКИТЕ НАСЕЛБИ И ЗГРАДИТЕ ВО БИТОЛА, ОД „ВОДОВОД“ ВЕЛАТ ДЕКА Е ОД ЗГОЛЕМЕНАТА ПОТРОШУВАЧКА

    ВОДАТА Е СО НАМАЛЕН ПРИСТИСОК ВО ПОВИСОКИТЕ НАСЕЛБИ И ЗГРАДИТЕ ВО БИТОЛА, ОД „ВОДОВОД“ ВЕЛАТ ДЕКА Е ОД ЗГОЛЕМЕНАТА ПОТРОШУВАЧКАОд „Водовод“ апелираaт да не се користи питката вода за наводнување на поголеми површини, туку рационално да се користи за основните потреби. (Фото: СДК.МК)

    Во најтоплите денови од летото, повисоките населби и згради од Битола имаат вода со намален пристсок. Директорот на Јавното претпијатие „Водовод“ Андреј Гинов, вели дека состојбата е последица на зголемената потрошувачка на вода која достигна до 550 литри во секунда.

    „Поради зголемена потрошувачка во одреден период од денот доаѓа до празнење на резервоарите, па водата е со намален пристисок. Според закон, сите повисоки згради треба да имаат хидрофори за притисокот да се нормализира, ама тие или се вон употреба или на новите згради не се поставени“, рече Гиновски.

    Од „Водовод“ апелираaт да не се користи питката вода за наводнување на поголеми површини, туку рационално да се користи за основните потреби. Покрај редовните теренски проверки и работни активности, ќе вршат вонредни контроли на водоснабдувањето и ќе интервенираат кај оние корисници кои енормно и бесправно ја користат водата за пиење, со цел непрекинато и квалитетно водоснабдување на корисниците.

    За водоснабдувањето се дискутираше и на седницата на општинскиот Совет. Советникот Борче Корлевски од СДСМ рече дека надлежните ги изненадило топлото време, како до лани да немало суша преку лето. Горан Велевски од Левица, пак, изјави дека неколку потпелистерски села како Братиндол, Нижеполе, Дихово, Цапари, Ротино и други се отсечени од водоснабдувањето.

    „На жителите им е кажано дека 10 дена ќе останат без вода поради сушата. Таму, покрај животински фарми, има и приватни бизниси, потпелистерските ресторани и сали за свaдби, не знам како ќе успеат да го издржат овој период“, рече Велевски.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира