ВОЗ УДРИ ВО КАРПА НА ПРУГАТА ВЕЛЕС-СКОПЈЕ, ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ ВО ПРЕКИН

    ВОЗ УДРИ ВО КАРПА НА ПРУГАТА ВЕЛЕС-СКОПЈЕ, ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ ВО ПРЕКИНОд Македонски железници велат дека сите патници кои планирале да патуваат со воз вечерва со автобуси ќе бидат превезени до Велес, Кочани, Битола и Гевгелија. (Фото: СДК.МК)

    Попладнево во 17.10 часот во близина на железничката станица Рајко Жинзифов на пругата Велес – Скопје товарен воз удрил во карпа која паднала на пругата. Од СВР Велес го потврдија настанот со дополнување дека повредени нема, машиновозачот бил сам во локомотивата, а машината во еден дел излетала од шините.

    Возот сообраќал од Трубарево за Гевгелија. Среќна околност е што за кратко време, по овој инцидент на критичното место требало да мине патничкиот воз од Скопје за Кочани. Од Македонски железници најавуваат дека сите патници кои планирале да патуваат со воз вечерва со автобуси ќе бидат превезени до Велес, Кочани, Битола и Гевгелија. Товарниот сообраќај до отстранување на карпата ќе биде во застој.

    П. ПЕЧКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира