ВОЗ УДРИ ВО КОЛА НА ЖЕЛЕЗНИЧКИ ПРЕМИН ВО РОМАНОВЦЕ, ТРОЈЦА ЗАГИНАТИ ОД ЕДНО СЕМЕЈСТВО

    ВОЗ УДРИ ВО КОЛА НА ЖЕЛЕЗНИЧКИ ПРЕМИН ВО РОМАНОВЦЕ, ТРОЈЦА ЗАГИНАТИ ОД ЕДНО СЕМЕЈСТВОУвидот е уште во тек, неофицијално, во несреќата загинале сопружници и дете (Фото: СДК.МК)

    Тројца загинаа во сообраќајна несреќа што денеска околу пладне се случи на железничкиот премин во кумановското селото Романовце. Неофицијално, во несреќата загинале сопружници и дете.

    Според МВР, несреќата се случила во 11.45 часот, на „Превој“, на обележан железнички патнички премин, кога товарен воз на Македонски железници удрил во патничко моторно возило голф со скопски регистерски таблички, управуван од Н. Б., а возилото сопатници биле С. Б., З. Б. и И.Б. сите од Арачиново. Во несреќата загинале возачот и двете сопатнички, додека четвртиот сопатник И. Б. пред ударот успеал да скокне од возилото, и поминал без повреди.

    На лице место излегла екипа на Основното јавно обвинителтво и полицијата, и увидот е во тек. По наредба на обвинителот, телата ќе бидат предадени на семејството. По несреќата во прекин е железничкиот сообраќај кон Србија.

    С. НИКОЛИЌ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари