Со години, паркингот пред Полициската станица во Велес беше просторот каде беа оставени одземени возила по било кој основ за сторен прекршок или кривично дело. Дури и локалната власт на Велес пролетва им даде времено користење на простор во близина на градот за да се лоцираат. Но и покрај тоа, паркингот повторно се преполни со други новоодземени возила.
При вчерашната посета на министерот Панче Тошковски немаше ниту едно паркирано одземено возило. На забелешката дека сите се отстранети поради неговото доаѓање, тој кажа дека се работи на проект со кој сите вакви возила треба да бидат дислоцирани се до конечна судска одлука.
- ВЕЛЕШКАТА ПОЛИЦИЈА ДОБИ ПАРКИНГ ПРОСТОР КАДЕ ЌЕ ГИ ОСТАВА ОДЗЕМЕНИТЕ ВОЗИЛА
- НА ПАРКИНГОТ ПРЕД ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА ВО ВЕЛЕС СО ГОДИНИ СТОЈАТ ОДЗЕМЕНИ АВТОМОБИЛИ ИЛИ МОТОРИ
„Просторот пред велешката Полициска сетаница беше отпад на скршени возила. Изминатите три месеци работевме на проектна документација и се што беше потребно за еднаш и засекогаш да ги исчистиме овие простори пред полициските станици од шутот што беше оставан таму изминатите 40 години. Почнавме во Скопје, вака чисто е на сите полициски станици на подрачјето на СВР Скопје, продолживме со Велес, каде гледате дека се е отстрането, па продолжуваме и на подрачјето на другите единици на СВР на територијата на Македонија“, кажа Тошковски.
Сите хаварисани и одземени возила се пренесуваат на локација на град Скопје. Од таму,, во зависност од судската одлука, некои се предаваат на Агенцијата за одземен имот и се продаваат, други кои можат да се стават во функција со одлука на Владата и се даваат на користење на одредени државни институции кои имат потреба од возила.
П. ПЕЧКОВ



