ВРЗАНО СО СИНЏИР БИЛО 7-ГОДИШНОТО ДЕТЕ ШТО ЗАГИНА ВО ПОЖАР ВО СТАН ВО ГОСТИВАР

    ВРЗАНО СО СИНЏИР БИЛО 7-ГОДИШНОТО ДЕТЕ ШТО ЗАГИНА ВО ПОЖАР ВО СТАН ВО ГОСТИВАРСпоред исказот на семејството, причина за врзувањето било што детето било агресивно, вели Обвинителството. (Фото: СДК.МК)

    Врзано со синџир било 7-годишното дете што денеска загина во пожарот во стан во Гостивар, соопшти Обвинителството.

    „Првичните сознанија на лекарскиот тим на лице место упатуваат на тоа дека детето за време на пожарот било врзано со ланец на нозете. Според исказот на семејството, причина за врзувањето било што детето било агресивно. Обвинителството ги презема сите дејствија за утврдување на евентуална кривична одговорност“, соопшти Обвинителството.

    Пожарот изби изутринава околу 8 часот, а освен загинатото дете и едно лице е тешко повредено. Станот во кој избил пожарот се наоѓа на третиот кат од петкатна града која е во близината на кејот на Вардар. По избивањето на пожарот веднаш било интервенирано од гостиварската противпожарна единица, чија станица се наоѓа во близина на опожарената зграда.

    На местото на пожарот излегол јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Гостивар со цел да изврши увид како и специјална екипа од Одделот за криминалистичко – технички испитувања и вештачења при МВР, со цел да ги испита причините за пожарот.

    „Издадена наредба за обдукција на телото на починатото дете и се разговара со очевидците на настанот. По наредба на јавниот обвинител, се врши прибирање на трагите од лице место, кои треба да помогнат за прецизно утврдување на причините за настанатиот пожар“, соопшти Обвинителството.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира