ЗА 35 ОТСТО ЌЕ ПОЕВТИНИ ПАРНОТО ГРЕЕЊЕ ЗА ИНСТИТУЦИИТЕ И ФИРМИТЕ ВО СКОПЈЕ

    ЗА 35 ОТСТО ЌЕ ПОЕВТИНИ ПАРНОТО ГРЕЕЊЕ ЗА ИНСТИТУЦИИТЕ И ФИРМИТЕ ВО СКОПЈЕОвие корисници трошат 20% од потребните количини на топлинска енергија на ниво на Град Скопје. (Фото: К. Попов)

    За околу 35% ќе се намалат февруарските сметки за парно за училиштата, деловните корисници, јавните институции. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука за ценатата на парното греење за деловните субјекти.

    Со новата одлука, пониски сметки за парно ќе добиваат околу 1.200 потрошувачи приклучени на централно градско греење на ЕСМ снабдување, ЕСМ Енергетика, Скопје Север. Овие корисници трошат 20% од потребните количини на топлинска енергија на ниво на Град Скопје и меѓу нив се образовни институции, деловни корисници, мали дуќанчиња, компании, банки итн.

    „Вонредната одлука доаѓа по сеопфатна длабинска вкрстена анализа на актуелните цени на берза и прогнозираните цени на приодниот гас. Резултатите покажаа дека во изминатиот период цената на природниот гас на берзата е пониска од предвидената со што се исполнуваат условите да се донесе поволна одлука за категоријата останати корисници, кои пак во турбулентниот период на енергетската криза го преземаа товарот и добиваа реални сметки. За разлика од домаќинствата, кои во цел овој изминат период на енергетска криза добиваа сметки со субвенции“, изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

    Во Скопје 65.000 потрошувачи се приклучени на парно греење. Оваа грејна сезона се приклучени околу 1.000 нови корисници.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира