ЗА ДА СЕ ШТЕДИ СТРУЈА И ГРЕЕЊЕ, ЗАТВОРЕНА ЗГРАДАТА НА ИНФЕКТИВНОТО ОДДЕЛЕНИЕ ВО БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА, АМА НЕМА НИ ЛЕКАРИ

    ЗА ДА СЕ ШТЕДИ СТРУЈА И ГРЕЕЊЕ, ЗАТВОРЕНА ЗГРАДАТА НА ИНФЕКТИВНОТО ОДДЕЛЕНИЕ ВО БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА, АМА НЕМА НИ ЛЕКАРИИнфективното одделение е преместено во модуларната болница заедно со Микробиолошкото. (Фото: СДК.МК)

    Зградата на Инфективното одделение, која до неодамна беше и дел од Регионалниот ковид-центар во Битола, е затворена за да се заштеди струја и парно греење. Одделението е преместено во модуларната болница заедно со Микробиолошкото. Зградата е стара педесет години и никогаш досега не била целосно реновирана. Директорот на Клиничката болница од Битола, Д-р Александар Обедниковски, ги отфрли гласините дека зградата ќе се продава и изјави дека се собираат средстава од Комората на Југозападна Македонијаза да се реновира и затоа е затворена.

    „Дополнително, имаме барање од Министерството за здравство да намалиме со трошоците за електрична енергија и греење, поради тоа ја затворивме цела зграда од Инфективното одделение за да можеме да ја опслужиме подобро главната болничка зграда. Со тоа се намалија скоро 20 проценти трошоците за струја и парно“, рече Обедниковски.

    Воедно, како и во другите болници низ градовите во државата, така и во Битола недостига лекарски кадар. На Инфективното одделение, едно од службите со најдолга традиција во Битола, останаа само две лекарки – специјалисти, па затоа работи од 7 до 19 часот, а во останатиот дел од денот пациентите се примаат на Интерното одделение или во Службата за ургентна медицина.

    „Како и во цела Македонија, кадар недостасува секаде, се надевам дека ќе има вработувања за брзо време за што одлучува Министерството за здравство. Бараме 94 вработувања за Битолската болница, колку ќе одобрат зависи од Министерствата за здравство и за финансии. Барањата ги испратив веднаш по моето доаѓање за директор уште во месец август. Вршиме континуиран притисок врз надлежните да се одобрат вработувањатА. И Клиничката болница нема да го загуби својот статус“, рече Обедниковски.

    За да се пополни недостигот на кадар во болницата доаѓаат и доктори од други градови.

    Најмногу недостигаат специјалисти на Одделенијата за педијатрија, неврохорургија и неонатологија.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира