ЗА ДВА ДЕНА, СЕДУМ ЛИЦА ОД ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА ОЗДРАВЕНИ ОД КОВИД-19 И ПУШТЕНИ ДОМА

    ЗА ДВА ДЕНА, СЕДУМ ЛИЦА ОД ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА ОЗДРАВЕНИ ОД КОВИД-19 И ПУШТЕНИ ДОМАВо изминатите 24 часа не е регистриран нов случај на КОВИД-19 на територијата на град Велес и има 50 активни случаи на лица со коронавирус. (Фото: СДК.МК)

    За два дена од Инфективното одделение во Велешката болница, седум оздравени пациенти од КОВИД-19 се пуштени дома. Откако поминаа 14 дена на одделението и примале соодветна терапија, овие лица заминаа дома како оздравени, информираа од болницата.

    „Вчера четворица и денес тројца пациенти се отпуштени од Инфективното одделение, откако двата последователни теста беа негативни на КОВИД-19“, изјави д-р Весна Николовска-Неделкова, портпаролка на Општата болница Велес.

    На ова одделение денес имаа 19 пациенти, од нив 16 се позитивни, а три лица ги чекаат резултатите. Од Центарот за јавно здравје Велес информираа дека изминатите 24 часа не е регистриран нов случај на КОВИД-19 на територијата на град Велес и има 50 активни случаи на лица со коронавирус.

    Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во нашата земја изнесува 1.326, од кои 337 излечени и 57 починати.

    П. ПЕЧКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира