ЗА ЕДНА ТРЕТИНА НАМАЛЕНИ ЈАВНИТЕ НАБАВКИ НА ОПШТИНИТЕ, ВО СКОПЈЕ ДУРИ ЗА 68 %

    ЗА ЕДНА ТРЕТИНА НАМАЛЕНИ ЈАВНИТЕ НАБАВКИ НА ОПШТИНИТЕ, ВО СКОПЈЕ ДУРИ ЗА 68 %Намалувањето на вредноста на јавните набавки значи дека помал дел од буџетските пари се инвестирани во стоки, добра и услуги кои можеле да придонесат кон подобрување на условите за живот на граѓаните.(Фото: К.Попов)

    За една третина е намалена вредноста на јавните набавки на општините и Град Скопје во 2022 година во споредба со 2021, покажува анализата на Центарот за граѓански комуникации за базата на податоци на тендерите на општините лани.

    Според податоците 80-те општини и Градот Скопје во 2022 година вкупно склучиле 3.508 договори за јавни набавки во вредност од 7,3 милијарди денари, односно 118 милиони евра што е далеку помала сума во спредба со 2021 година.

    За падот најмногу придонесува големото намалување на вредноста на јавните набавки на Град Скопје, чии набавки во 2022 година се намалени за дури 68 %, односно за 31 милион евра во однос на 2021 година.

    Намалувањето на вредноста на јавните набавки значи дека помал дел од буџетските пари се инвестирани во стоки, добра и услуги кои можеле да придонесат кон подобрување на условите за живот на граѓаните“, велат од Центарот за граѓански комуникации.

    Базата покажува дека општините и Град Скопје склучиле договори со 1.184 фирми, но четвртина од вкупната вредност на тендерите им припаднала само на 8 фирми. На врвот според вкупната вредност на договорите е снабдувачот со електрична енергија Енерџи диливери солушн“, со вредност на договорите од 614 милиони денари, односно околу 10 милиони евра.

    Базата на податоци е интерактивна и овозможува пребарување на тендерите по општини и по фирми, а и дава графички преглед на учеството на фирмите во набавките на секоја општина одделно. Базата содржи податоци и за уделот на набавките во буџетите на општините, како и за вредноста на набавките по жител. Базата на податоци за јавни набавки на општините е изготвена за последните осум години (2015-2022).

    С. НИКОЛИЌ

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира