ЗА ГАСЕЊЕ ПОЖАР ВО БОГДАНЦИ СЕ ЧЕКА ПОЖАРНА ОД ГЕВГЕЛИЈА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Богданци,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗА ГАСЕЊЕ ПОЖАР ВО БОГДАНЦИ СЕ ЧЕКА ПОЖАРНА ОД ГЕВГЕЛИЈА

    Општина Богданци има реална потреба да има подружница или доброволна противпожарна единица, а не да чека на интервенции од пожарната од Гевгелија, велат  жителите од оваа општина кои пред десетина дена беа сведоци на уште еден голем шумски пожар во појасот на браната Паљурци, каде изгореа неколку хектари борова шума. Со овој став се согласува и Страшо Олумчев, човекот кој во 2009 основаше доброволно противпожарно друштво, но сегашната локална гарнитура со доаѓањето на власт во 2013 ги секна парите  за оваа единица, па моралше да се распушти.

    Страшо Олумчев во 2009 основаше доброволно противпожарно друштво, но сегашната локална гарнитура на Богданци со доаѓањето на власт во 2013 ги секна парите, па единицата мораше да се распушти (Фото: СДК.МК)

    Страшо Олумчев во 2009 основаше доброволно противпожарно друштво, но сегашната локална гарнитура на Богданци со доаѓањето на власт во 2013 ги секна парите, па единицата мораше да се распушти (Фото: СДК.МК)

    „Реално има потреба, бидејки за каква било интервенција,  возилата од пожарната од Гевгелија доаѓаат во рок од 13-15 минути,  а во услови на пожар овој временски интервал е многу долг за да се спаси нешто. Ако функционираше доброволната единица во Богданци, штетите од пожарите досега секако дека ќе беа помали. Сите општини се стремат да се подобрат во делот на заштита и спасување од пожари, а ние во Богданци направивме од готово вересија“, вели Страшо Олумчев, професионален пожарникар сега вработен во пожарната служба на Гевгелија.

    Според Олумчев, вината што Богданци цели три години нема пожарна единица е во Советот на Општината и градоначалничката Анастасија Олумчева,  кои во 2013 ги секнале 900-те илјади денари што претходно  годишно ги добивале од локалната власт за функционирање и одржување на доброволната единица.

    ,,Почнавме со старо возило добиено од Гевгелија. Имавме теоретска и практична обука. Набргу добивме  возило од Кукуш, Грција. Преку операцијата „Флоријан“ од Манчестер, Англија добивме и материјална и техничка опрема, а ќе добиевме и ново возило. За 4 години, колку што постоевме, имавме 368 интевенции на отворен и затворен простор. Но од Општината не сакаа да нѐ финансираат, бидејки единицата работеше професионално со дежурства, што мораше и да се плати и да се одржува опремата. Откако ни ги секнаа парите, возилото преку „Флоријан“ отиде во Валандово, опремата отиде во Гевгелија, а дел се украде и уништи“,  вели Олумчев.

    Од Општината тврдат дека доброволната единица не ги дала потребните резултати и затоа донеле одлука за нејзино укинување. Велат дека постоењето на ваква единица на само 10 километри од Гевгелија, само дополнително и без потреба ќе го оптоварува локалниот Буџет.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари