ЗА ТРИ ГОДИНИ 516 ОГНОВИ НА ОТВОРЕНО, НАЈМНОГУ СЕ ПАЛЕЛА ДЕПОНИЈАТА ВО ВИЗБЕГОВО

    ЗА ТРИ ГОДИНИ 516 ОГНОВИ НА ОТВОРЕНО, НАЈМНОГУ СЕ ПАЛЕЛА ДЕПОНИЈАТА ВО ВИЗБЕГОВОГрадоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов во пресрет на грејната сезона апелираше граѓаните да не пишуваат на Фејсбук туку огновите на отворено да ги пријавуваат на бесплатниот телефонски број 193. - Пожарот кај СЦ „Борис Трајковски“. (Фото: СДК.МК)

    Изминативе три години откако Град Скопје и Пожарната бригада ја спроведуваат кампањата за пријавување огнови на отворено регистрирани се 516 повици. Пожарната имала 396 интервенции, најмногу на депониите во Визбегово и Вардариште.

    Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов во пресрет на грејната сезона апелираше граѓаните да не пишуваат на Фејсбук туку огновите на отворено да ги пријавуваат на бесплатниот телефонски број 193.

    „Знаеме дека палењето огнови на отворено најчесто е последица на несовесноста на одредени граѓани, но тоа често е и единствен начин за затоплување во студените зимски денови на нашите сограѓани кои немаат соодветно сместување. Она што претставува дополнителен проблем е што во ваквите случаи овие луѓе најчесто горат пластика, гуми, неквалитетни дрва и друго кои многу придонесуваат за загадување на воздухот“, рече градоначалникот Шилегов.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира