ЗАБРАНА ЗА РАБОТА ДО ПОПРАВКА НА ДЕФЕКТОТ ИЗРЕЧЕ ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ НА „АРЦЕЛОР МИТАЛ“ ЗА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВАРДАР

    ЗАБРАНА ЗА РАБОТА ДО ПОПРАВКА НА ДЕФЕКТОТ ИЗРЕЧЕ ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ НА „АРЦЕЛОР МИТАЛ“ ЗА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВАРДАРПокрај забрана за работа, за компанијата „Арцелор Митал“ ќе има и парична казна за загадувањето на Вардар. (Фото: Фејсбук)

    Забрана за работа до поправање на дефектот е изречена на погонот лужилница на компанијата „Арцелор Митал“, која предизвика загадување на реката Вардар на 22 септември.

    Инспекторатот за животна средина по извршената контрола констатираше дека во еден од погоните дошло до излевање на материјал измешан со железо и киселина без соодветно да биде третиран во системот за отпадни води.

    „Изречена е максимална казна за забрана на работа на погонот лужилница од 90 дена. Во овој период надлежните се задолжени да го поправат дефектот. Инспектори ќе вршат контрола и откако ќе се санира дефектот ќе добијат дозвола за работа. Дополнително ќе има и парична казна, која ќе се утврди утре“, велат од Инспекторатот за животна средина.

    Во неделата, по течението на Вардар од населбата Ново Лисиче до Трубарево беше забележан помор на риби. Инспекторите од Град Скопје кои вчера беа на терен и земаа мостри од водата за да се направат испитувања, се сомневаа дека загадувањето е од индустриските капацитети во кругот на фабриката „Железара“, каде и е сместена компанијата „Арцелор Митал“.

     А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари