ЗАЕВ ОД БИТОЛА НАЈАВИ ДЕКА СДСМ ИМА НАЈДОБРИ КАНДИДАТИ КОИ ЌЕ ПОБЕДАТ, ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ПЕТРОВСКА НЕ ДОЈДЕ НА МИТИНГОТ

    ЗАЕВ ОД БИТОЛА НАЈАВИ ДЕКА СДСМ ИМА НАЈДОБРИ КАНДИДАТИ КОИ ЌЕ ПОБЕДАТ, ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ПЕТРОВСКА НЕ ДОЈДЕ НА МИТИНГОТЛидерот на СДСМ кажа дека  во изминатите четири години од централниот буџет се префрлени пари кон општините за да ги одблокираат сметките, а за разлика од нив ВМРО-ДПМНЕ трошеле пари за градење споменици.(Фото: СДК.МК)

    Досегашната градоначалничка на Општина Битола Наташа Петровска не присуствуваше на митингот што СДСМ го одржа вечерва во Битола, на кој беше означен почетокот на изборната кампања на владејачката СДСМ за локалните избори.

    Претседателот на СДСМ Зоран Заев во своето обраќање од говорницата ѝ се заблагодари на Петровска за тоа што чесно и посветено ја водеше општината во изминатите четири години. Заев најави победа во Битола и во сите останати општини на 17 октомври.

    „Ја бараме вашата поддршка на престојаните локални избори да направиме уште еден чекор напред, да го избереме најдоброто за секоја општина, Ја развиваме државата на меѓународен план, ги развиваме општините на домашен план, го унапредуваме квалитетот на живот, расте животниот стандард. Земјата заедно ја поставивме во вистинскиот правец. Патот е прав. Конечно тргнавме напред. Одиме напред“, рече Заев.

    Лидерот на СДСМ кажа дека  во изминатите четири години од централниот буџет се префрлени пари кон општините за да ги одблокираат сметките, а за разлика од нив ВМРО-ДПМНЕ трошеле пари за градење споменици. „Сега нека им гласаат спомениците“, рече Заев.

    Политиката на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски ја спореди со филмот „Кој тоа таму пее“, само што рече дека познатата реплика „Вози Мишко“ за него гласи „Кочи Мицко“, а му ја дава политичкиот татко од Будимпешта.

    „Кочничарите ги очекува уште еден пораз. Така е кога се води погубна политика со затворени очи. Ние одиме напред нема кочници што ќе не застанат“, рече Заев.

    Кандидатот за градоначалник на Битола Христо Кондовски рече дека има програма за десет топ проекти. Ги наброи изработка на нов Генерален урбанистички план (ГУП), подземна сообраќајница и гаража во центарот на Битола, Широк Сокак и околните улици да станат пешачки зони, вело град , модернизација на трите влезови во Битола, побрз економски развој, затворен базен, аква парк, за 30 проценти зголемување на зелените површини и друго.

    Ж.ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира