ЗАПАЛЕНИ 4 КОНТЕЈНЕРИ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ

    ЗАПАЛЕНИ 4 КОНТЕЈНЕРИ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕИнтервенираше Бригадата за противпожарна заштита, но сепак контејнерите се уништени и неупотребливи.(Фото: Град Скопје)

    Четири од новопоставените контејнери попладнево околу 16 часот беа запалени во центарот на Скопје. Веднаш интервенираше Бригадата за противпожарна заштита, но сепак контејнерите се уништени и неупотребливи.

    „Станува збор за намерно палење на контејнерите. Случајот веќе е пријавен во полиција и се очекува да бидат преземени соодветни мерки за да се пронајдат и санкционираат сторителите. Апелираме до граѓаните да ги чуваат и да не ги оштетуваат контејнерите бидејќи истите се набавуваат со пари од граѓаните, а со нивното оштетување се нанесува голема финансиска штета“, велат од Град Скопје.

    Лани низ Скопје беа запалени 100 контејнери, никој досега не е фатен и санкциониран.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира