ЗАПЛЕНЕТИ 13.000 ФАЛСИФИКУВАНИ ЕВРА КАЈ ЖИТЕЛ НА ТЕТОВСКА ДОЛНА ЛЕШНИЦА

    ЗАПЛЕНЕТИ 13.000 ФАЛСИФИКУВАНИ ЕВРА КАЈ ЖИТЕЛ НА ТЕТОВСКА ДОЛНА ЛЕШНИЦАПри претресот е најдена и хартија за фалсификување пари (Фото: СВР Тетово)

    Тетовската полиција денеска извршила претрес во домот и во помошните простории на 44-годишниот Б. Џ. од тетовското село Долна Лешница, при што пронашла голема количина евра, за кои се сомнева дека се фалсификувани.

    „При претресот, реализиран со судска наредба, пронајдени се и однесени на вештачење околу 13.000 евра во апоени од 50 и 20 евра, 250 швајцарски франци и 40 кувајтски динари поради основи на сомнение дека се фалсификувани. Освен ова, пронајдени се и обрасци за дозволи за престој во Швајцарија, заштитни маркички за фалсификување пари, хартија за фалсификување пари и други документи“, соопшти портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

    Б. Џ. е уапсен и се работи на целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок за кривичните дела фалсификување пари и фалсификување исправа. Дознаваме дека Б. Џ. од порано и е познат на полицијата како лице кое правело измами на граѓани.

    Полицијата во изминатиов период во неколку наврати добила пријави за пуштање во промет на фалсификувани банкноти од 50 и 100 евра на тетовското подрачје.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира