ЗАСТРЕЛАНИОТ ПАДНАЛ ПРЕД ВРАТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ, СЕ ЧЕКААТ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ОБДУКЦИЈАТА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Куманово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗАСТРЕЛАНИОТ ПАДНАЛ ПРЕД ВРАТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ, СЕ ЧЕКААТ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ОБДУКЦИЈАТА

    К.Т.(55) од Куманово е човекот кој утринава е пронајден мртов во зграда на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово. Според информации од обвинителството, починатиот со прострелна рана во главата е пронајден во ходникот на вториот кат пред влезната врата на станот на градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски. Во десната рака му е пронајден пиштолот од кој пукал. Безживотното тело го забележал некој од соседите во 7.30 часот и пријавил во полиција. Телото е предадено на обдукција, а оружјето и трагите траги земени од местото се предадени на вештачење. Дополнително ќе се утврдува дали се работи за самоубиство или убиство. Мотивите не се познати.

    Увидот на лице место на полициско-обвинителски екипи денеска траеше околу 5 часа. За тоа време зградата беше блокирана од силно полициско обезбедување. Станарите не можеа да излегуваат ниту влегуваат во своите домови. Многумина не заминат на работа. Извори од истрагата кажуваат дека градоначалникот Дамјановски не можел да ја отвори врата од станот додека не е тргнато мртвото тело и цело време бил во станот.

    Неофицијално, починатиот бил поранешен бизнис партнер на градоначалникот на Куманово.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира