ЗАТРУПАН СО ПЛАСТИКА ОХРИДСКИОТ БРЕГ КАЈ ЉУБАНИШТА

    ЗАТРУПАН СО ПЛАСТИКА ОХРИДСКИОТ БРЕГ КАЈ ЉУБАНИШТААктивистите на Охрид СОС открија големи количини на најразличен отпад кој го загадува еден од најубавите делови на Езерото. (Фото: Охрид СОС)

    На брегот на Охридското Езеро кај Љубаништа, активистите на Охрид СОС открија големи количини на најразличен отпад кој го загадува еден од најубавите делови на Езерото. Крај езерската вода има пластика, делови од искористена покуќнина и друг отпад.

    „Некои го љубат, други го ништат природното наследство на Охридскиот Регион. Едни објавуваат со желба да се укаже на проблемите, јавни служби, поединци или групи чистат. Некои повторно загадуваат, фрлаат најразличен отпад, се однесуваат неодговорно. И тоа е еден постојан циклус. Не може да запре. Ни со апели, ни со опомени. Можеби со казни. Доколку навистина се казнат тие што го прават ова“, велат од Охрид СОС.

    Крај езерската вода има пластика, делови од искористена покуќнина и друг отпад. (Фото: Охрид СОС)

    Оваа невладина организација со години се бори за зачувување на природната средина, а посебно за екологијата на Охридското Езеро.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира