ЗАТВОРЕНА ПОШТАТА ВО ВЕЛЕС, ВРАБОТЕН ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19

    ЗАТВОРЕНА ПОШТАТА ВО ВЕЛЕС, ВРАБОТЕН ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19Едниот од тројцата новозаразени со коронавирус е вработен во АД Македонски пошти во Велес, поради што и експозитурата на пазариштето нема да работи. (Фото: СДК.МК)

    Во текот на вчерашниот ден во Велешко се регистрирани се три нови случаи на заразени со КОВИД-19. Оздравени нема и со тоа бројката активни случаи во Велешко порасна на 30.

    „Двајца од новозаразените се од Бузалково и еден од Велес. Сите три случаи се во семејна врска, во потесниот круг од фамилијата, од познат кластер“, велат од Центарот за јавно здравје Велес.

    Едниот од новозаразените е вработен во АД Македонски пошти, поради што и експозитурата на пазариштето нема да работи.

    „Преземени се сите мерки, експозитурата е затворена, извршена е дезинфекција, а сите вработени кои беа таму се во изолација“, изјави раководителот на Македонска Пошта во Велес Горан Аврамов.

    На Инфективното одделение во Велешката болница има 13 пациенти, 10 се потврдено позитивни и тројца за кои се чекаат резултати.

    „Во текот на ноќта е примен нов пациент со симптоми на КОВИД-19, додека едно лице на 40-годишна возраст од село Бузалково поради влошување на состојбата е препатено на Градската општа болница ‘8 Септември’ во Скопје“,  изјави портпаролката на Општа Болница Велес д-р Весна Николовска Неделкова.

    П. ПЕЧКОВ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари