ЗАТВОРЕНИЦИТЕ ОД ЗАТВОРОТ ВО ТЕТОВО ДОБИЈА МОНТАЖЕН БАЗЕН

    ЗАТВОРЕНИЦИТЕ ОД ЗАТВОРОТ ВО ТЕТОВО ДОБИЈА МОНТАЖЕН БАЗЕНБазенот е добиен како дел од програмата за ресоцијализација на затворениците. (Фото: СДК.МК)

    Затворениците кои издржуваат казна во затворот во Тетово добија монтажен базен. Базенот е добиен како дел од програмата за ресоцијализација на затворениците во оваа казнено-поправна установа.

    „Изминатиот период извршено реновирање на сите простории во затворот, спални соби, кујна, санитарни јазли, менза, библиотека, светилиште, берберница, реновирани се и приемното одделение и затвореното одделение. Извршена е дезинфекција на затворските соби и простории. Исто така, затворениците добија и монтажен базен кој ќе помогне во подобрување на психичката и физичката состојба на затворениците. Сето ова е дел од активноста на затворскиот персонал воопшто“, изјави Ќефаил Хавзија, директор на Затворот во Тетово.

    Тој вели дека во процесот на нивна ресоцијализација за затворениците се одржуваат и спортски натпревари во фудбал, кошарка, шах, се одржуваат концерти, а затворенците може да  гледаат и филмови.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира