ЗАЗЕЛЕНЕТ НОВИОТ ПАРК ВО КИСЕЛА ВОДА, ОД ГРАД СКОПЈЕ ВЕЛАТ ДЕКА СИТЕ ДРВЈА ШТО ГИ САДАТ СЕ СО ВИСИНА НАД 5 МЕТРИ И ВЕЌЕ ИМААТ КРОШНА

    ЗАЗЕЛЕНЕТ НОВИОТ ПАРК ВО КИСЕЛА ВОДА, ОД ГРАД СКОПЈЕ ВЕЛАТ ДЕКА СИТЕ ДРВЈА ШТО ГИ САДАТ СЕ СО ВИСИНА НАД 5 МЕТРИ И ВЕЌЕ ИМААТ КРОШНАВо новиот парк зад бараките во наслебата 11 Октомври засадени се 200 дрвја. (Фото: Град Скопје)

    На некогашниот напуштен простор зад бараките во населбата 11 Октомври во Општина Кисела Вода, засадени се 200 дрвја во есенската акција за зазеленување на градот. Од Град Скопје велат дека се засадени висококвалитетни дрвја кои напролет ќе развијат убави крошни, чии сенки ќе придонесат за намалување на температурата во жешките месеци и ќе го раззеленат овој јавен простор кој до неодамна беше дива депонија.

    „Со новите стандарди на квалитет нема да се чекаат неколку години дрвјата да пораснат и да дадат крошни. Дрвјата кои ги садиме низ цело Скопје се со просечна висина од околу 5,5 метри и веќе изградена крошна и веднаш ќе се вклопат во екосистемот на нашиот град, толку потребно за прочистување на воздухот“, велат од Град Скопје.

    Овој простор меѓу улицата Лазар Димитров и железничката пруга, кој е на околу 2-3 км  од центарот на градот, со децении беше запуштен и на него се создаваа поголем број депонии со шут и отпад. На почетокот на годинава, екипите на Град Скопје го расчистија просторот со површина од околу 16.000 метри квадратни, го израмнија теренот и засадија нова трева. Изградено е и детско игралиште и парк за миленици.

    К. СЕЛАМОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира