ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ОД МУРТИНО БЛОКИРАА ОТКУПЕН ПУНКТ ОТИ СЕ НАМАЛИЛА ЦЕНАТА НА ЗЕЛКАТА

    ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ОД МУРТИНО БЛОКИРАА ОТКУПЕН ПУНКТ ОТИ СЕ НАМАЛИЛА ЦЕНАТА НА ЗЕЛКАТАЗемјоделците од Муртино zастанаа со трактори и механизација на патот пред откупниот пункт и бараа да го испочитува договореното пред десетина дена во Владата. (Фото: СДК.МК)

    Производителите на зелка од струмичкото село Муртино протестираа во знак на револт што откупната цена за неколку денови континуирано паѓала и не се почитува законот за неделни откупни цени. Тврдат дека трговците ден претходно, најавувале една цена а кога ќе се однесе производството цените биле пониски. Според нив само, за десетина дена цената од 40 прво паднала на 35, потоа на 30, а денеска по 25 денари.

    „Нема инспекција кој да ги контролира откупувачите. Какво објавување на цените кога не се почитува. Инспекторите се во канцеларија и чекаат први да дојде да зема плата. А кога ние сме должни веднаш доаѓаат. Не е во ред без најава да се намалува откупната цена а луѓето ги набрале по една цена“, кажа Трајков Пандев од Муртино

    Земјоделците од Муртино се упатија кон откупниот пункт во селото и го блокираа за да не може да функционира. Застанаа со трактори и механизација на патот и бараа да го испочитува договореното пред десетина дена во Владата.

    „Беше договорено производството од зелка до Велигден да биде 30 денари, но еве денеска цената падна на 25 денари. Како што е тргната работата следниве 10 дена можно е производството да го продаваме за 15 денари. Ако дозволиме да се намали цената немаме да имаме никаков ќар оти трошоците ни се зголемија“, вели Јован Стојанов земјоделец од Муртино.

    Трговците кои ги контактиравме тврдат дека нема огромен интерес од странските пазари за пролетната зелка од Македонија и не може да се одржува цената по 30 денари за килограм. Откупните цени се одраз на пазарната економија и никој не може да предвиди каква ќе биде состојбата во следните десет дена. Освен во Муртино и во другите населени места трговците почнаа од денес да откупуваат зелка по 25 денари за килограм со образложение дека повисока цена не може да се постигне.

    В. ТРАЈКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира