ЗГРАДИТЕ ВО „ТРЕСКА“ СЕ ГРАДАТ 24/7, ЏАБЕ УСТАВЕН СУД ОФОРМИ ПРЕДМЕТ

    ЗГРАДИТЕ ВО „ТРЕСКА“ СЕ ГРАДАТ 24/7, ЏАБЕ УСТАВЕН СУД ОФОРМИ ПРЕДМЕТМашини, како што велат за САКАМДАКАЖАМ.МК жители на околните згради чии станови гледаат во „Треска“, работат 24/7.(Фото: СДК.МК)

    Во кругот на фабриката „Треска“ на големо се гради првата зграда за која е издадена дозвола од Општина Центар и потпишана од градоначалникот Горан Герасимовски. Машини, како што велат за САКАМДАКАЖАМ.МК жители на околните згради чии станови гледаат во „Треска“, работат 24/7. Машини и кранови бучат од рано наутро до доцна вечерта. Веќе е ископана дупката за темелите и наскоро ќе почне бетонирањето.

    Станува збор за зградата која ќе ја градат фирмите  „Голден арт“ и „Мега акустик“, кои пред еден месец платија комуналии во висина од 800.000 евра на Град Скопје и Општина Центар. Ќе се гради станбено-деловен објект, со висина од 19,20 метри, на приземје, 5 ката и поткровје, а вкупната бруто изградена површина ќе изнесува 6.662 метри квадрати.

    Со почетокот на изградбата на првата зграда почнува бетонизацијата на последниот слободен простор во центарот на Скопје. Бетонизацијата на овој дел од градот ја нацрта власта на ВМРО-ДПМНЕ,  а постапката ја продолжи и реализира власта на СДСМ, со тоа што не направи никакви измени на планот и дозволи да се гради според лош план, кој не овозможува хумано живеење на граѓаните.

    Уставниот суд на 3 август оформи предмет за измената на Деталниот урбанистички план (ДУП) Буњаковец 2, во чии рамки спаѓа и просторот на поранешната фабрика „Треска“, по поднесената иницијатива од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ и од адвокатката Сузана Јошевска.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира