ЖЕНАТА ВО БИТОЛА БИЛА УБИЕНА НА СПИЕЊЕ, А ОСОМНИЧЕНИОТ СОПРУГ Ѝ НАНЕЛ ДЕСЕТИНА УБОДИ СО НОЖ, ВЕЛИ ОБВИНИТЕЛСТВОТО

    ЖЕНАТА ВО БИТОЛА БИЛА УБИЕНА НА СПИЕЊЕ, А ОСОМНИЧЕНИОТ СОПРУГ Ѝ НАНЕЛ ДЕСЕТИНА УБОДИ СО НОЖ, ВЕЛИ ОБВИНИТЕЛСТВОТОВо населбата Баир вчера имаше засилено полициско присуство и пред куќата каде беше убиена жената и во маалото каде живее сопругот. (Фото: СДК.МК)

    Основното јавно обвинителство од Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишниот битолчанец, за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело Убиство при вршење семејно насилство, квалификувано според член 123, став 2, точка 2 од Кривичниот законик.

    Од Обвинителството соопштија дека тој вчера наутро на спиење ја лишил од живот неговата поранешна вонбрачна партнерка, со која имал четири заеднички малолетни деца. Ја избодел со нож, нанесувајќи ѝ десетина убоди. Тие биле разделени, а жената живеела во домот на татко ѝ.

    „Откако се осигурал дека нејзиниот татко не е во домот во кој живеела жената, осомничениот влегол во куќата додека спиела, се доближил до жртвата и ѝ нанел десетина убоди со нож по телото, од кои таа веднаш починала. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство“, соопштија од Обвинителството.

    Починатата Ајнет Вејсел имаше 31 година. Издадена е наредба за обдукција на починатата, а од куќата се подигнати траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира