ЖЕРНОВСКИ ДЕНЕСКА ЌЕ ДОЗНАЕ ДАЛИ ОГРАДАТА ОКОЛУ ГТЦ Е ЗА БАРОК ИЛИ ЗА ПАРК

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЖЕРНОВСКИ ДЕНЕСКА ЌЕ ДОЗНАЕ ДАЛИ ОГРАДАТА ОКОЛУ ГТЦ Е ЗА БАРОК ИЛИ ЗА ПАРК

    Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски денеска ќе има повеќе информации зошто во паркот Жена борец од вчера е поставена ограда. Откако загрижени граѓани синоќа ги алармираа медиумите дека Владата поставува ограда за да почне со преслекување на Градскиот трговски центар во барок, главниот градежен инспектор на општината излегол на терен и од контактот со надлежни служби на град Скопје дознал дека оградата е ставена поради планирано партерно уредување на паркот.

    На оградата нема ознака ни кој е инвеститор, ни какви градежни работи се изведуваат, ниту пак се видливи податоци за градежна дозвола Фото: СДК. МК

    На оградата нема ознака ни кој е инвеститор, ни какви градежни работи се изведуваат, ниту пак се видливи податоци за градежна дозвола Фото: СДК. МК

    Сепак, од општина Центар со резерва го прифатиле објаснувањето од службите на градоначалникот на Скопје Коце Трајановски и денеска ќе работат на откривање кој подготвува градежни активности на нивната територија.

    Екипата на САКАМДАКАЖАМ.МК синоќа забележа дека на оградата што е поставена кај ГТЦ од страната кон Жена парк и оди речиси до Порта Македонија нема ознака ни кој е инвеститор, ни какви градежни работи се изведуваат, ниту пак се видливи податоци за градежна дозвола.

    Поставувањето на оградата и информацијата дека од општина Центар немаат информација кој го оградил Трговскиот центар предизвика сомнеж дека Владата, и покрај масовните јавни протести, ќе почне со преслекувањето во барок и на овој култен архитектонски објект и едно од обележјата на главниот град. Особено што вакви акции и во минатото се правеле среде лето, кога градот е полупразен, а и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој е идеен творец на проектот „Скопје 2014 и барокизацијата е надвор од земјата. 

    Во почетокот на јули, Владата ги прогласи за објекти од посебен интерес и ја одзеде ингеренцијата на Општина Центар за ГТЦ, но и за Македонската опера и балет (МОБ)  и Националната универзитетска библиотека „Св.  Климент Охридски“ (НУБ), заради изработка на планско урбанистичка документација за нив. 

    Асоцијацијата на архитекти на Македонија во јули изјави дека тајмингот не е случајно одбран, во време на летните одмори, за на мала врата да се протурка намерата со што помал одек и реакции во јавноста.

    Со оваа постапка се отстрани и последната пречка за преслекување во барок на овие објекти – Општина Центар, оти градоначалникот Андреј Жерновски најави дека нема да дозволи ширење на барокот. Со статусот објекти од посебен интерес, за овие објекти Општината нема никакви ингеренции. Плановите за нив ги прави државната Агенција за планирање на просторот, документацијата ја подготвува Министерството за транспорт и врски, а одобренијата за градење место Општината и Градот, како за сите останати градби, ги издава Град Скопје.

    Архитектите кои го следат обидот за барокизација на ГТЦ велат дека за да се почне со градежни активности останати се само финеси. Завршени се и основниот и изведбениот проект, а се чека согласност од ИЗИИС за статиката и противпожарна согласност од МВР.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари