ЖИЧНИЦАТА ОД УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ, СЕ УКИНУВААТ И АВТОБУСИТЕ ДО СРЕДНО ВОДНО

    ЖИЧНИЦАТА ОД УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ, СЕ УКИНУВААТ И АВТОБУСИТЕ ДО СРЕДНО ВОДНООсвен што нема возење на жичницата, се укинуваат и автобуските линии до Средно Водно 25, 25 А и 25 Б, кои се време на викендите возеа бесплатно. (Фото: СДК.МК)

    Од утре нема да работи жичницата на Водно. Од ЈСП „Скопје“ информираат дека оваа одлука е според препораките на Владата против ширење на коронавирусот.

    До Средно Водно нема да сообраќаат ниту автобуските линии до Средно Водно 25, 25 А и 25 Б, кои се време на викендите возеа бесплатно. Исто така времено се укинува и линијата „Сити тур“ за туристичко разгледување на Скопје со двокатен автобус.

    „Одлуката ќе важи во наредниот период, односно до идните одлуки согласно препораките и мерките за заштита и превенција од коронавирусот“, велат од ЈСП „Скопје“.

    Вчера претпријатието го укина бесплатниот автобуски превоз за пензионери, ученици и студенти.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира