ЖИТЕЛИТЕ НА ПРЖИНО ВО СКОПЈЕ БАРААТ ДА НЕ СЕ ГРАДИ ЗГРАДА ВО УЛИЦАТА КАДЕ ПАДНА ПОТПОРНИОТ ЅИД

    ЖИТЕЛИТЕ НА ПРЖИНО ВО СКОПЈЕ БАРААТ ДА НЕ СЕ ГРАДИ ЗГРАДА ВО УЛИЦАТА КАДЕ ПАДНА ПОТПОРНИОТ ЅИДЖителите со протестна акција поднесоа петиција до Министерството за транспорт и врски.

    Жителите од скопската населба Пржино и на малата истоимена слепа уличка каде што падна потпорниот ѕид, со протестна акција поднесоа петиција до Министерството за транспорт и врски со барање таму да не се дозволи изградба на зграда зашто им се загрозени егзистенцијални права за хуман живот.

    Одобренијата за градба на градежникот „Топметал“ во август беа укинати од градоначалникот на Општина Кисела Вода, а фирмата сега поднела жалба до Општината, која ќе оди во комисија во Министерството. Пред две години, пак, од Министерството ги одбиле приговорите на жителите за одобрението. Во петицијата до Министерството, жителите сега велат дека дека нема нивна согласност за градба во дадениот обем и бараат жалбата на градежникот да се одбие.

    „Во моментов на нашата уличка од 16 семејства веќе се создава сообраќаен хаос, што ќе се случува кога тука ќе се движат дополнително минимум 16 нови возила? Што се случува со квалитетот на воздухот кога протокот на возила ќе биде најмалку четирипати зголемен бидејќи возила ќе сообраќаат до крајот на слепата уличка во која не можат да се разминат две возила? Во моментот сите соседи имаат проблем со одлевање на фекална вода по улици, подруми и дворови. Ни новоизградената атмосферска канализација не го реши проблемот. Во моментот постојано имаме прекини во водоснабдување и електрична енергија, кои предизвикуваат расипување на електричните апарати, бојлери, компјутери, греалки, проточни чешми. Прашуваме како овој планиран несразмерен објект на постојната изграденост и постојната канализациона, електрична и сообраќајна мрежа градена во 1960-тите ќе значи ‘рационално и одржливо користење на просторот’ и ‘заштита и унапредување на животната средина и природата’?“, велат жителите во петицијата до Министерството за транспорт и врски.

    Тие бараат Министерството целосно да го потврди поништувањето на сите одобренија за спорната градба и да ја отфрли жалбата на градежникот како неоснована.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира