ГЕРМАНСКИ НАВИВАЧ ЌЕ СЕ ВРАЌА ДОМА ПО СЕКОЈ МЕЧ ОТИ НЕ МОЖЕ ДА ЗЕМЕ ОДМОР

    ГЕРМАНСКИ НАВИВАЧ ЌЕ СЕ ВРАЌА ДОМА ПО СЕКОЈ МЕЧ ОТИ НЕ МОЖЕ ДА ЗЕМЕ ОДМОР

    Германски навивач ќе помине 7527 километри само во фазата на групи од Европското првенство во Франција за да ги следи своите омилени фудбалери во живо и потоа да преспива дома.
    Денис Сикорски (25) купи карти за сите можни натпревари на Германија на континенталниот турнир во Франција, но не планира да престојува во земјата домаќин.
    „Поевтино е ако се враќам дома. Дополнително, не морам да земам многу слободни денови“, изјави Сикорски за „Билд“.
    Tој работи во мала семејна фирма во родниот Рангздорф на истокот на Германија и вели дека не може да земе одмор кога сака. За време на фазата на групи, која трае речиси две недели, Сикорски ќе потроши само четири слободни денови.
    За првиот меч со Украина, кој се играше вечерва, тој отиде со автомобил, додека за другите два меча, со Полска и со Северна Ирска, ќе оди со авион и откри дека нашол авионски карти за само 8 евра.

    „Поради заканата од терористички напади, авионските карти беа поевтини. Од една страна, нормално е да размислуваш за тоа, дека нешто може да се случи. Од друга страна, не сакам тоа да ме спречува да го живеам животот. Теоретски, нешто може да се случи секаде, дури и кога се возам со трамвај во Берлин“, вели тој.
    По 7527 километри, фазата на групи ќе заврши, но тој се надева дека Германија ќе оди до самиот крај на турнирот. Сепак, ако се случи изненадување и Германија не успее да се квалификува во нокаут-фазата, Сикорски ќе ги добие назад парите за купените карти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари