Долорес Авеиро, мајката на португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, се пожали на Твитер по повредата на нејзиниот син во финалето на Европското првенство во Франција.
„И јас не можам да го гледам син ми. Во фудбалот треба да ја удриш топката, а не да го повредиш противникот“, го искара Долорес Французинот Димитри Паје, кој го повреди Роналдо при еден дуел во првото полувреме.
Кристијано Роналдо беше принуден да го напушти натпреварот на „Стад де Франс“ во Париз во 25. минута на носилки по ударот на Паје во левото колено.
И без Роналдо во составот, Португалија се избори за продолженија по нерешените 0:0 во регуларниот дел.
Eu não posso vê-lo desta forma o meu filho. O jogo é chutar a bola e não ferir o adversário.#Euro2016Final pic.twitter.com/TQ7u4ercpf
— Dolores Aveiro (@DoloresAveiro) July 10, 2016