МЕРКЕЛ ЛЕТОВО НЕМА ВРЕМЕ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ ФУДБАЛЕРИ

    МЕРКЕЛ ЛЕТОВО НЕМА ВРЕМЕ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ ФУДБАЛЕРИ

    Германците веруваат дека Ангел Меркел и носи среќа на нивната фудбалска репрезентација, но таа досега не можеше да му помогне на тимот на Јоаким Лев на Европското првенство во Франција, а нема да присуствува ниту на утрешниот натпревар против Италија во четврт-финалето.
    Германската канцеларка беше присутна на победата од 4:0 над Аргентина на Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година, а две години подоцна ја проследи во живо и победата од 4:2 над Грција на Европското првенство во Полска и Украина. На Светското првенство во Бразил присуствуваше на два натпревари, победата од 4:0 над Португалија и триумфот со 1:0 над Аргентина во финалето.
    Сепак, летово за време на Европското првенство во Франција, политиката и е поважна од фудбалот. Во деновите кога Германија играше на турнирот во Франција, Меркел имаше патувања во странство или важни состаноци, па немаше можност од трибините да гледа некој од натпреварите.
    На утрешниот меч против Италија во Бордо, таа го испрати министерот за внатрешни работи Томас де Мезиере.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира