ПИКЕ ЗА СЛУЧАЈОТ „СРЕДЕН ПРСТ ЗА ХИМНАТА“: САМО СИ ГИ КРЦКАВ ПРСТИТЕ

    ПИКЕ ЗА СЛУЧАЈОТ „СРЕДЕН ПРСТ ЗА ХИМНАТА“: САМО СИ ГИ КРЦКАВ ПРСТИТЕ

    Шпанскиот фудбалер Жерард Пике одговори на обвинувањата дека покажал среден прст за време на интонирањето на шпанската химна на синоќешниот натпревар на Европското првенство во Франција против Хрватска.
    Играчот на Барселона, кој е контроверзна личност за шпанските навивачи поради промовирањето на каталонската независност, изгледаше како да покажа среден прст пред камерата, што предизвика многу критики во домашната јавност, но вели дека само си ги истегнувал прстите.
    „Си ги крцкав прстите за време на химната. Да не бараме контроверзи, кадешто ги нема и да се обидеме заедно да го освоиме Европското првенство“, напиша Пике на Твитер.
    Пике беше исвиркуван од дел од шпанските навивачи на квалификациските натпревари за Европското првенство, но тоа престана на турнирот во Франција, посебно по голот што го постигна на првиот меч против Чешка.
    Синоќа, Шпанија загуби од Хрватска со 2:1 и како второпласирана во групата Д во осминафиналето ќе игра со Италија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари