РУСКИОТ МИНИСТЕР ЗА СПОРТ НЕГИРА ДЕКА ИМАЛО ТЕПАЧКА НА СТАДИОНОТ ВО МАРСЕЈ

    РУСКИОТ МИНИСТЕР ЗА СПОРТ НЕГИРА ДЕКА ИМАЛО ТЕПАЧКА НА СТАДИОНОТ ВО МАРСЕЈ

    Рускиот министер за спорт Витали Мутко тврди дека немало судири помеѓу навивачите на вчерашниот натпревар помеѓу Англија и Русија на Европското првенство во Франција.

    vitali-mutko

    Рускиот министер за спорт Витали Мутко истовремено е претседател и на Руската фудбалска федерација

    УЕФА денеска потврди дека отворила дисциплинска постапка против Русија за нереди на трибините, употреба на пиротехника и расистичко однесување, но Мутко, кој беше присутен на стадионот, вели дека немало насилство на фудбалскиот меч во Марсеј.
    „Немаше судири. Тоа е претерување, всушност се е во ред тука. Кога заврши натпреварот, немаше бариера помеѓу навивачите. Британците, секако, беа вознемирени, но се брзо се заврши. Вакви натпревари треба да се организираат соодветно. Неопходно е да се одделат навивачите“, изјави Мутко за „Р-Спорт“
    Александр Шпригин, претседателот на Унијата на руски фудбалски навивачи, исто така, негираше дека имало судири.
    „Целиот англиски сектор стана и почна да бега. Немаше тепачки, полицијата стоеше таму. Се е во ред, полицијата добро си ја заврши работата“, кажа Шпригин за РТ.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари