АЛБАНСКИТЕ ФУДБАЛЕРИ ДОЧЕКАНИ КАКО ШАМПИОНИ, А ЕЛИМИНИРАНИ ВО ПРВАТА ФАЗА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:264:"ПремиеротЕдиРамагипоздравииграчитенааеродромотвоТирана,преддасекачатвоотворениотавтобусзапарадатанизулицитенаглавниотград

    АЛБАНСКИТЕ ФУДБАЛЕРИ ДОЧЕКАНИ КАКО ШАМПИОНИ, А ЕЛИМИНИРАНИ ВО ПРВАТА ФАЗА

    Дочек на аеродром со црвен тепих и национална гарда, парада со отворен автобус, клуч од градот за капитенот, дипломатски пасоши, премија од милион евра и споменик со нивните имиња пред националниот стадион.
    Ова можеби звучи како чудна награда за елиминација уште во првата фаза на Европското првенство во Франција, но албанските фудбалери беа пречекани како шампиони на враќањето во Тирана.
    Премиерот Еди Рама ги поздрави играчите на аеродромот во Тирана, пред да се качат во отворениот автобус за парадата низ улиците на главниот град. Илјадници навивачи излегоа на улиците за да ги поздрават фудбалерите и покрај тоа што температурата беше 38 степени.
    „Ви благодарам за поддршката и за тоа што останавте на ваква жештина“, им порача капитенот Лорик Цана, кој се повлече од националниот тим по Европското првенство.
    Настапот во Франција беше прв за Албанија на европските првенства и таму успеаја да го постигнат првиот гол и да ја забележат првата победа, но поради поразите од Швајцарија и домаќинот Франција беа елиминирани уште во првата фаза од шампионатот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари