СРБИТЕ МУ СЕ ИЗРАДУВАА НА ГОЛОТ НА ШВАЈНШТАЈГЕР ИСТО КАКО ГЕРМАНЦИТЕ

    СРБИТЕ МУ СЕ ИЗРАДУВАА НА ГОЛОТ НА ШВАЈНШТАЈГЕР ИСТО КАКО ГЕРМАНЦИТЕ

    Србија не учествува на Европското првенство во фудбал, но си најде причина да се радува: Бастијан Швајнштајгер постигна гол.
    svajni-skrinsot Капитенот на германската репрезентација, кој е во врска со српската тенисерка Ана Ивановиќ, беше стрелец на вториот гол за тимот на Јоаким Лев во синоќешната победа од 2:0 над Украина во Лил.
    „Сега е навистина српски зет“, напиша „Блиц“, а сличен наслов имаше и „Информер“: „Тоа, Швајни, Србине!“.
    Ана Ивановиќ, сепак, не беше на стадионот да му се израдува во живо на погодокот. Српската тенисерка се наоѓа во Шпанија за турнирот во Мајорка.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира