ТАГАТА ГИ ОБЕДИНИ ХРВАТСКИТЕ РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ

    ТАГАТА ГИ ОБЕДИНИ ХРВАТСКИТЕ РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ

    Капитенот Даријо Срна само што се врати во кампот на хрватската фудбалска репрезентација во Довил, за Хрватска замина тренерот на голманите Марјан Мрмиќ, кому, исто така, му почина таткото за време на Европското првенство во Франција.
    Сепак, одбранбениот фудбалер Домагој Вида вели дека тажните вести ќе бидат дополнителен мотив за „ватрени“, коиштo в петок играат со Чешка во второто коло од групата Д.
    „Сите тука сме една голема фамилија. Кога некој ќе изгуби член на семејството, исто како сите да сме го изгубиле. На сите ни е тешко. Тоа ќе ни биде само мотив повеќе да одиграме уште подобро. Нашата задача е да одиграме уште подобро за капитенот. Срна е голем спортист и човек, не се сомневам дека ќе биде подготвен“, изјави Вида на денешната прес-конференција во кампот на Хрватска.
    На стартот, Хрватска ја победи Турција со 1:0 и веднаш по натпреварот во неделата, Срна дозна дека татко му починал по долго боледување. Истата вечер го напушти кампот на националниот тим за да се врати во Метковиќ за погребот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари