Повеќе од 15.000 германски навивачи пристигнаа во Марсеј за полуфиналниот натпревар на нивната фудбалска репрезентација против Франција на Европското првенство во Франција, а возбудата ги зафати и домаќините.
Откако вчера Кристијано Роналдо ја однесе Португалија во финалето со победата од 2:0 над Велс, сега вниманието е свртено кон двата фаворити, од кои само еден вечерва ќе се пласира во финалето на „Стад де Франс“ во Париз во недела.
Фудбалската треска достигна 30 степени целзиусови во јужниот француски град и за разлика од почетокот на турнирот во Франција, кога во Марсеј се тепаа англиските и руските навивачи, денеска во градот владее мирна атмосфера во исчекување на натпреварот на „Велодром“ со почеток од 21 часот. Германските и француските навивачи, со знамиња и обоени лица, ги запоседнаа кафулињата и се забавуваат без никакви инциденти.
Домаќинот Франција ја нема победено Германија на големите фудбалски натпреварувања веќе 58 години. Оттогаш, Германците славеа три пари, последниот пат во четврт-финалето на Светското првенство во Бразил пред две години. Најславен од тие дуели е оној од Светското првенство во 1982 година, кога Французинот Патрик Батистон мораше да биде освестуван од лекарскиот тим по бруталниот судир со германскиот голман Харалд Шумахер. Многумина француски навивачи се сеќаваат на мечот од 1982 година, но францускиот селектор Дидје Дешамп кажа: „Не можеме да го менуваме минатото, треба да испишеме наша страница“.
Haha! Här “kapar” franska fans den tyska tv-kanalens uppladdning! #ger #fra #euro2016 #Marseille pic.twitter.com/yi0NJtrbWL
— Mattias Balkander (@balkander) July 7, 2016
Énorme ambiance boulevard Michelet avant #FRAALL ! pic.twitter.com/4IIPJSNcbk
— La Provence à l’Euro (@LaProvenceEuro) July 7, 2016
L’ambiance monte aux abords du stade velodrome #EURO2016 #ALLFRA pic.twitter.com/EalEqQdudX
— philippe randé (@philippe_rande) July 7, 2016